Новото коло во Лигата на Шампионите носи супервозбудлив натпревар помеѓу бранителот на трофејот ПСЖ и убедливо најдоминантниот клуб во досегашниот дел од сезоната Баерн Минхен.
За медиумите својот став го изнесе Луис Енрике, тренерот на парижани кој верува дека и ПСЖ заслужува почит.
„ПСЖ заслужува да му се покаже малку почит. Во моментов е јасно дека Баерн е многу силен и знаеме дека е во одлична форма, но и ние имаме свои адути и нема да се откажеме од идејата за победа. На „Паркот на принцовите“, со нашите навивачи, имаме доволно самодоверба за да се справиме со нивниот притисок“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

