Енрике: Не знам ништо за заминувањето на Мбапе

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике не сакаше да коментира за заминувањето на Килијан Мбапе. Французинот наводно ги информирал челниците на парискиот клуб дека ова ќе му биде последна сезона во тимот.

Се чини дека Килијан Мбапе ќе замине во Реал Мадрид, а Луис Енрике не знаеше ништо за неговото заминување.

„Немам информации да ви дадам“, рече Енрике на прашањето на новинарите за Мбапе.

„Се додека двете страни не се состанат и да разговараат, нема да кажам ништо. Кога двете страни ќе зборуваат, јас ќе го дадам моето мислење“, рече Енрике.

Се вчитува...