Енрике: ПСЖ ќе биде подобар тим откако ќе си замине Мбапе

Актуелниот шампион на Франција, ПСЖ следното лето ќе остане без најголемата ѕвезда во тимот, Килијан Мбапе кој по седум години ќе замине од клубот од главниот град како слободен играч.

Со заминувањето на еден од најдобрите фудбалери на денешницата ќе започне нова ера за ПСЖ за која тренерот Луис Енрике верува дека неговиот тим ќе ја продолжи доминацијата во Франција и неговиот тим ќе биде и уште подобар.

„ПСЖ ќе има подобар тим кога Килијан ќе замине од клубот ова лето“, кратко изјави Енрике.

Се вчитува...