Енрике: Следната сезона ПСЖ ќе биде уште посилен

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике вели дека тимот ќе биде посилен следната сезона, и покрај тоа што веројатно ќе остане без Килијан Мбапе кој на крајот на сезоната заминува во Реал Мадрид.

Енрике кажа дека проектот на ПСЖ секојдневно се развива, и дека ако се оди според планот, очекува тимот на „светците“ да биде уште подобар идната сезона.

„Ако се оди според планот, јас сум сигурен дека ќе имаме подобра екипа идната сезона. Јас сум сигурен во тоа. Во одбрана, во напад, и во техничко-тактичка точка, ќе бидеме подобри, без сомневање“, рече Енрике.

Се вчитува...