Енрике се „коцкаше“, ПСЖ со шокантен пораз дома од Лион, се повреди Витиња (ВИДЕО)

Лион ја совлада екипата на ПСЖ и тоа среде Париз со 1-2, и ја направи битката за титулата во Франција уште поинтересна, со олгед дека разликата помеѓу првопласираниот тим на ПСЖ и Ленс е еден бод, со тоа што „светците“ имаат и меч помалку.

Овој пораз доаѓа сосема неочекувано, односно после победата на лидерот на табелата во Франција на „Енфилд“ и одличната партија. Но, Луис Енрике се „коцкаше“ и се реши да почне без Дембеле, Кварацхелија, Маркињош, Невеш и тоа му се одби од глава. Потоа внесе во игра дел од нив, но веќе беше доцна.

Херој на Лион беше Ендрик, кој игра како позајмен од Реал Мадрид во овој тим. Најпрво самиот во 6. минута успеа да донесе предност, а во 18. минута асистираше до Мореира за предност од 0-2.

ПСЖ пропушти можност да се врати во мечот откако Рамош имаше шанса од пенал, но го промаши ударот од белата точка. Дополнителен проблем за ПСЖ претставува и повредата на Витиња во првиот дел.

Во финишот домаќините само успеаја да го ублажат поразот.

Се вчитува...