Енрике се налути: Јас решавам кој ќе игра, мораме да се научиме да играме без Мбапе

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се налути откако сите новинарски прашања по мечот беа за Килијан Мбапе и неговата замена на полувремето против Монако.

Шпанскиот стратег стоеше цврсто зад својот став, но не криеше дека му пречи што целиот фокус на јавноста е врз Мбапе, а не врз екипата.

„Јас сум тој што решава кој ќе игра, а кој не. Мбапе не беше повреден, едноставно решивме да се обидеме без него. Тоа е реалноста, мораме да се научиме да играме и кога тој не е на теренот. Моја работа е да носам одлуки за доброто на тимот, а на долг рок сето ова ќе ни биде од корист. Немам никаков личен проблем со Килијан, само носам одлуки за кои верувам дека се најдобри за тимот“, изјави Енрике, одбивајќи да го коментира односот на голгетерот по замената, откако Мбапе реши да замине во ложата наместо да остане на клупата за резерви.

Се вчитува...