Енрике убеден: Реваншот ќе биде поинаков, можеме да дојдеме до победа

ПСЖ утре гостува на Барселона, и со пораз од 2-3 од првиот меч, има тешка мисија да обезбеди пласман во 1/2 финалето на Лигата на шампионите.

Меѓутоа тренерот на „светците“ Луис Енрике е убеден дека неговиот тим ќе може да ја сврти работата во својата корист, и да триумфира на теренот на противникот.

„Вториот меч ќе биде многу поинаков. По првиот меч имавме време да анализираме и да ја подобриме нашата игра. Првиот меч беше тежок и резултатот не го одразува она кое го заслуживме. Можевме да го израмниме резултатот и да победиме. Бевме непоразени на 27 меча, и не сакавме да бидеме поразени. Не треба да го преценуваме овој пораз, треба да го прифатиме, и подобро да се подготвиме“, изјави Енрике.

Се вчитува...