Ентони Дејвис: Kако да играме вистински натпревар…, па дури и со картонски навивачи

По пет месеци, НБА лигата продолжи во Орландо со мечот во кој ЛА Лејкерс славеа против ЛА Клиперс со 103-101.

Програмот беше отворено и со дуелот меѓу Јута и Њу Орлеанс во крајно необична, некошаркарска атмосфера. На трибините место гледачи – картонски навивачи, записничката маса со преграда од пластика а очигледно беше и почитувањето дистанца.

„Се чувствував како да е вистински натпревар во прашање. Два тима жестоко се борат за победа. Навистина не можеме да се пожалиме. Организаторите вложија огромен напор да ни биде што попријатно на паркетот, а имаше и доста звучни ефекти, симулација на публика. Мислам дека беше сосема добро“ – изјави по мечот Ентони Дејвис, кој беше најефикасен кај Лејкерс со 34 поени.

Се вчитува...