Ентони Дејвис прв играч во историјата со покер титули (ВИДЕО)

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, е првиот во историјата кој успеал да освои четири важни титули. Тој покрај шампионските трофеи во НБА и во НЦАА, со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави беше олимписки и светски првак.

Со Кентаки во 2012 година беше победник на НЦАА лигата и прогласен за најистакнат играч на фајналфор. Неколку месеци подоцна беше олимписки шампион во Лондон, а во Шпанија две години подоцна се закити и со златен медал на СП. Сега со ЛА Лејкерс ја комплетираше низата.

 

Се вчитува...