Ентони Џошуа против Кубрат Пулев за одбрана на светските титули

Светскиот боксерски првак во тешка категорија, Ентони Џошуа ќе ги брани ВБА и ИБФ титулите во својата категорија, против 36-годишниот бугарски боксер, Кубрат Пулев.

Борбата е закажана за 28 октомври, а спектаклот ќе се одржи во „Принисипалити“ стадионот во Кардиф, Велс. Сепак, ова е втор избор на Џошуа кога стануза збор за Пулев како негов предизвикувач, Британецот се надеваше на реванш меч со Владимир Кличко, откако го победи во април месец годинава, и му ја одзема светската титула.

„Со нетрпение чекам да се вратам во рингот по борбата на „Вембли“. Во следните осум недели ќе се фокусирам само на мојата 20. борба. Возбуден сум што ќе ја почувствувам атмосферата во распородадениот „Принисипалити“ стадион во Кардиф, мојата цел е да приредам спектакуларна борба за гледачите“, истакна Џошуа.

Се вчитува...