Ентрериос, нов тренер на Лазаров во Нант

Поранешниот шпански репрезентативец, Алберто Ентрериос, е изборот за нов тренер на Нант, во чии редови и во следната сезона ќе настапува најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров. Досегашниот тренер Тиери Анти си замина од клупата на Нант откако не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, селејќи се на клупата на Спортинг Лисабон.

Во игра за негов наследник беа неколку поискусни стратези, но изборот на управата на крајот падна врз Ентрериос, кој во последните три сезони му беше асистент на Анти во Нант.

Алберто Ентрериос е дел од Нант уште од 2012 година, ја заврши кариерата во овој клуб во 2016 година, по што веднаш доби шанса да заплови во „тренерски води“.

Се вчитува...