ЕП 2022: Бајката на Холандија продолжува, победа над Португалија и потврда на второто место

Бајката на Холандија на Европското ракометно првенство 2022 година продолжува, откако Холанѓаните вечерва ја совладаа и Португалија, и со две победи продолжија во следната фаза.

Холандија практично во последната секунда дојде до победата од 32-31, и така го потврди второто место на табелата. Во текот на целиот меч Холанѓаните практично беа во водство, имаа плус четири во првиот дел, во вториот стигнаа и до +5, меѓутоа Португалија не се предаваше и стигна до „егал“ во последните мигови. Па дури и дојде до водство од 31-30, но Холандија потоа со два гола стигна до голем триумф.

Смитс беше најефикасен со 8 голови, а кај Португалија Родригес постигна шест.

Вториот меч кој се играше за престиж, го доби Белорусија која ја „закова“ Австрија на последното место. Белорусите победија со 29-26.

Се вчитува...