ЕП 2022: Лесни победи на Шпанија и Франција

Репрезентациите на Шпанија и Франција со победа ја отворија втората фаза од Европското првенство 2022. Шпанците забележаа лесен триумф против „десеткуваната“ Германија од 23-29 и сега се наоѓаат на првата позиција на табелата со две победи.

И покрај проблемите „панцерите“ беа рамноправен противник во поголемиот дел од првото полувреме кое заврши со резултат 12-14 благодарение на подобрата игра во самиот финиш на првите 30. минути, а „црвената фурија“ продолжи во исто темпо во второто полувреме. Шпанците од минута го зголемуваа водството кое во еден момент стигна и до +8.

Франција пак ја потврди фаворитската улога со победа над Холандија од 34-24. Холанѓаните кои важат за едно од најдобрите изненадувања на првенството бркаа негатива од самиот почеток на мечот, а и покрај тоа што стигнаа до изедначување (12-12) при крајот на првото полувреме немаа сили за повеќе.

Французите со серија од 3-0 стигнаа до предност од 15-12 по 30. минути игра, а не го изгубија моментумот до самиот крај на натпреварот.

Се вчитува...