ЕП 2022: Сензација во Будимпешта – Холандија ја совлада Унгарија, дербито на колото за Франција

Првиот ден од Европсото првенство 2022 ни донесе и сензација во Будимпешта каде Холандија успеаја да го совлада домаќинот Унгарија со 28-31. Холанѓаните добро го започнаа натпреварот и имаа резултатска контрола во поголемиот дел од мечот по што Унгарците во самата завршница стигнаа и до изедначување (28-28), но немаа сили за целосен пресврт. Финишот на мечот и припадна на „лалињата“ кои со серија од 3-0 ја потврдија големата победа.

Дербито на денот и припадна на репрезентацијата на Франција која ја совлада Хрватска со 22-27. Французите беа подобриот противник против ослабените „коцкести“ од самото отварање на мечот, во првото полувреме имаа и предност од пет гола која ја Хрватите успеаја да ја анулираат на само два на паузата, но не доволно за целосен пресврт.

Франција ги консолидираше своите редовите во второто полувреме, ја врати високата предност и продолжи да го контролира мечот за комотна завршница.

Eден од фаворитите за трофеј, Шведска со убедлива победа над Босна и Херцеговина од 30-18 го отвори Европското првенство 2022. Швеѓаните фаворитската улога ја потврдија уште во првото полувреме кое го добија со 17-11 по што во вториот дел рутински си ја одработија задачата.

Лесна победа забележа и Норвешка која славеше против домаќинот на натпреварувањето Словачка со 35-25. Швеѓаните по 30. минути игра имаа предност од 15-11 по што во второто полувреме не го загубија моментумот. Одиграа одлично на двата дела од теренот и дополнително ја зголемија предноста за комотна победа.

Се вчитува...