ЕП 2022: Србија, Русија и Шпанија триумфално го отворија првенството

Ракометната репрезентација на Србија со победа од 31-23 над Украина го започна Европското првенство 2022. „Орлите“ стигнаа до предност од шест гола уште во првото полувреме (17-11), а мирната игра продолжи и до крајот на натпреварот за лесна и многу значајна победа.

На победа се радуваше и Русија која славеше против Литванија со 29-27. Русите фаворитската улога ја потврдија уште во првите 30. минути по кои водеа со 14-9, но опуштањето во второто полувреме го искористија Литванците за ублажување на поразот.

Триумфално тргна и Шпанија која славеше над Чешка со 28-26. Шпанците беа подобри во првото полувреме кое го добија со 14-11, но Чесите не се предадоа. Напротив одиграа одлично во вторите 30. минути во кои стигнаа и до негатива од еден напад, но не успеаја да го задржат темпото до самиот крај, а „црвената фурија“ со мини серии успеа да стигне до првите два бода.

Се вчитува...