ЕП атлетика: Закалнитски и Енрикес златни на 50 километри брзо одење

Украинецот Марјан Закалнитски е првиот освојувач на златен медал на Европското првенство во атлетика во Берлин. Тој ја освои титулата на 50 километри брзо одење со време од 3:46.42 часа. За Закалнитски ова е прв поголем успех во кариерата. Среброто му припадна на Словакот Матеј Тот, додека со најдобро лично време, бронзениот медал го освои белорускиот атлетичар, Дмитри Џиубин.

Во женска конкуренција, златниот медал на 50 километри брзо одење и припадна на португалската ветеранка Инес Енрикес кој ги обедини континенталната и светската титула во оваа дициплина. 38-годишната атлетичарка го остави зад себе Украинката Алина Цвили која до среброто дојде поставувајќи нов државен рекорд и Шпанката Јулија Такас.

До крајот од денот на Европското првенство ќе има поделба на медали уште во пет дисциплини меѓу нив и во спринтерските трки на 100 метри во двете конкуренции.

Се вчитува...