ЕП: Холанѓанките ја декласираа Хрватска, Германките подобри од Чешка

Ракометарките на Холандија на убедлив начин стигнаа и до третата победа во групниот сегмент од Европското првенство што се одржува во Франција. Тие ја декласираа селекцијата на Хрватска со 34-23 и со максимален ефект одат во следната фаза од шампионатот. Амега со осум гола беше најефикасна во победничкиот табор.

Германија имаше потешка задача во дуелот со Чешка, со стигна до триумф од 30-28. Отпорот на противникот беше скршен во вториот дел, со оглед дека првото полувреме заврши 16-16. Шмелцер со седум погодоци беше најефикасна ракометарка во составот на Германија која успеа да се пласира во втората рунда. Од групата Д отпадна токму селекцијата на Чешка која нанижа три порази.

 

Се вчитува...