ЕП под 18 години за жени – Дивизија „Б“: Македонија стартуваше со пораз од Холандија

Женската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз го отвори Европското првенство во Б дивизијата кое денеска стартуваше во Софија, Бугарија.

Македонските јуниорки беа поразени од Холандија со 64-43 (26-19). Холанѓанките недостижната предност ја стекнаа во третиот период, кој го добија во своја корист со 18-7.

Во македонскиот национален тим најефикасна беше Марија Николов која постигна 11 поени. Следниот меч на македонските кошаркарки и против Исланд во недела во 20:30 часот. Покрај Холандија и Исланд, во група се уште и селекциите на Хрватска и на Данска.

Се вчитува...