ЕП ракомет: Русија – Романија и Холандија – Франција во полуфинални пресметки

Селекциите на Русија и на Романија, како и на Холандија и на Франција ќе се борат за медалите на Европското првенство во ракомет за жени што се одржува во Франција. Пласманот во полуфиналето домашната селекција го потврди вечерва со победата над Србија (38-28) во завршното коло од вториот групен сегмент. Најефикасна кај Французинките беше Нзе Минко со девет постигнати гола.

Холанѓанките славеа над Германија со 27-21 и го потврдија учеството во полуфиналето. Дулфер и Полман со по шест гола беа најзаслужни за триумфот на холандскиот состав.

Полуфиналните дуели се закажани за в петок.

Се вчитува...