ЕП ракомет: Швеѓанките ја искористија опуштеноста на Русија, Унгарките ја добија Романија

Ракометарките на Шведска остварија убедлива победа (39-30) против Русија, искористувајќи ја опуштеноста во таборот на „зборнаја“ која е веќе пласирана во полуфиналето на Европското првенство во Франција. Швеѓанките на полувреме имаа еден гол предност, но во вториот дел одиграа одлично и славеа убедливо.

Унгарките ја изненадија Романија и победија со 31-29. На Романките не им помогна ниту расположената Кристина Неагу која мечот го заврши со девет постигнати голови.

По вечерашните пресметки, Холандија – Германија и Франција – Србија, ќе бидат познати и полуфиналните двојки на шампионатот.

Се вчитува...