ЕП ракомет: Црногорките извисија за полуфинале, Норвешка се надева

Ракометарките на Црна Гора ги загубија шансите за пласман во полуфиналето на ЕП во Франција. По поразот од Данска (23-24), Црногорките со четири бода во групата 1 остануваат на третата позиција на табелата, зад Русија и Франција. Норвешка се надева на можно полуфинале, со оглед дека стигна до третата победа совладувајќи ја Шпанија со 33-26 во групата 2. Сепак, Романија и Холандија кои исто така имаат по шест бода, допрва ќе ги играат своите мечеви.

Данска на полувремето имаше водство од 15-11 против Црногорките, кои не успеаја во вториот дел да направат комплетен пресврт. Хансен со шест гола беше најефикасна во победничката селекција, додека Јованка Радичевиќ постигна седум за селекцијата на Црна Гора.

Норвешка беше надмоќна против Шпанија, а прва виолина беше Офтедал со седум постигнати гола.

Се вчитува...