ЕП ракомет: Црногорките со надеж за полуфинале, Србинките елиминирани

Репрезентацијата на Црна Гора си ги одржа во живот шансите за пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во Франција откако во дуелот од вториот групен сегмент, во второто коло ја совлада Србија со 28-27. Овој пораз значи дека Србинките немаат шнси за место меѓу најдобрите четири селекции на првенството.

Клучна за победата на црногорскиот состав беше разликата од два гола предност до која дојде во 54. минута од средбата и потоа до крајот Србија не успеа да го сврти резултатот.

Претходно, Црна Гора го отвори подобро дуелот, имаше и три гола предност, но во средината од првото полувреме српскиот состав ја презеде контролата и имаше плус три на полувремето. Србинките одржуваа разлика се до средината од вториот дел. Потоа следуваше налетот на Црногорките и драматичниот финиш во кој Србија имаше, но не искористи можност за реми.

Црна Гора сега има четири бода и е на третата позиција на табелата зад Русија која е веќе полуфиналист и зад Франција која има пет бода, а во последното коло игра против Србија. Црногорките во завршната рунда се соочуваат со Данска.

 

Се вчитува...