ЕП станува ковид-фарса: Карабатиќ е позитивен, но смее да игра за Франција во Будимпешта

Европското Првенство во ракомет го одбележаа над сто случаи на коронавирус непосредно пред и по почетокот на шампионатот, но ЕП 2022 се претвора во фарса откако беше обелоденето дека Никола Карабатиќ повторно е позитивен на Covid-19, но добил дозвола да игра за Франција.

Големиот ас на ПСЖ бил позитивен по дуелот меѓу Франција и Холандија што се одигра во четвртокот, но добил дозвола за настап против Исланд, а се очекува да биде во составот на „триколорите“ и на денешниот дуел со Црна Гора.

Она што го прави Карабатиќ исклучок од сите останати позитивни случаи е што тој го прележа коронавирусот во декември. Поради ова, измерени му се антитела во организмот, по што е проценето дека нема ризик тој дополнително да го шири вирусот, по што францускиот ас добил зелено светло за настап.

Се вчитува...