ЕП во футсал: Шпанија и Португалија во големото финале

Шпанија и Португалија ќе ги одмерат силите во големото финале од ЕП во футсал што се одржува во Љубљана, откако двете пиринејски селекции вечерва славеа во драматични полуфиналиња против Казахстан, односно Русија.

Поинтересно беше на дуелот Шпанија – Казахстан, кој по 40 минути игра заврши 4-4, по продолженијата резултатот гласеше 5-5, за на крајот по подобро изведување на пенали Шпанците да стигнат до големото финале.

Португалија по голема битка триумфираше со 3-2 над Русија, елиминирајќи го големиот фаворит. Интересно, Рикардињо не постигна ниту еден погодок за Португалците, во чии редови херој беше Андре Коељо со два евро-голови, за пресврт и водство од 2-1. Русите тргнаа без голман, но беа казнети со гол на Бруно Коељо за 3-1, пред Едер Лима во самиот финиш да ги постави конечните 3-2.

Се вчитува...