ЕП за млади: Германија делува моќно, лесно ја среди Чешка

Германија лесно славеше на премиерниот меч на ЕП во Полска над селекцијата на Чешка (2-0), потврдувајќи ја улогата на еден од главни фаворити за највисок пласман на овој европски шампионат.

Германците доминираа од самиот почеток, а по двете неискористени шанси на Гнабри фаворитите го отворија резултатот пред самиот крај на полувремето, кога Макс Мајер го совлада чешкиот голман. Дилемите околу победникот беа разрешени веќе во 50. минута, кога по една голема грешка на противничката одбрана Гнабри немаше тешка задача да зголеми на 2-0.

По вториот гол германскиот состав го намали притисок, Чесите почнаа да создаваат шанси, но нивниот најдобар фудбалер Шик немаше свој ден, промашувајќи од три идеални позиции. Најголемата шанса за трет гол на натпреварот сепак ја имаше Германија, кога Селке во 85. минута не успеа од пенал да ја смести топката во мрежата на противникот.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва се среќаваат Италија и Данска.

Maximilian Meyer Goal HD – Germany (U21) 1-0… by juniorrosenfeld

Gnabry Goal HD Germany U21 2 – 0 Czech… by footballhighlights2016

Се вчитува...