ЕП за млади: Германците се незапирливи во групата Ц

Германија забележа нова победа во рамките од групата Ц на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако вечерва славеше со убедливи 3-0 над Данска.

Слично како и на дуелот од првото коло со Чешка, Германците доминираа од самиот почеток, со таа разлика што овојпат сите три погодоци ги постигнаа во второто полувреме. Селке со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го отвори резултатот во 53. минута, за потоа Кемпф и Амири целосно да го скршат данскиот отпор.

Германците во третото коло се среќаваат со Италија, меч на кој можат да си дозволат и минимален пораз и сепак да останат на првото место во групата и да се најдат во полуфиналето од овој европски шампионат.

1-0 Davie Selke Goal – Germany U21 vs Denmark… by meteoalex1

Marc-Oliver Kempf Goal HD – Germany U21 2-0… by riqezi

3-0 Nadiem Amiri Goal HD – Germany U21 vs… by smoki-bobi

Се вчитува...