Епилог по лудата пресметка во Лас Вегас – На Нурмагомедов му се заканува драконска казна (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов е победник во најголемата борба во историјата на УФЦ што се одржа утрово во Лас Вегас, по доминантниот настап и неговата надмоќност против Конор Мекгрегор. Борбата заврши во четвртата рунда кога контроверзниот Ирец се предаде по зафатот со кој Нурмагомедов го задави од зад грб.

Крајот на мечот го обележа хаосот што се прошири и надвор од октагонот и масовната тепачка во која удираше и шампионот Нурмагомедов. Епилогот после УФЦ шоуто во Лас Вегас е полициска интервенција во која беа уапсени членови од тимот на Нурмагомедов, а нему му се заканува драконска казна.

Како и што најави, Хабиб буквално го мачеше својот противник во сите четири рунди и на крај го задуши. После тоа Дагестанецот полуде, прескокна преку оградата  и нападна еден од членовите од тимот на Мекгрегор, а потоа неговиот тим влезе во октагонот и го нападна ирскиот борец и настана голем хаос.

Американските медиуми откриваат дека Дагестанецот претрпел силни увреди од противничкиот табор, наводно на верска основа, и тоа толку го налутило што не успеал да се контролира. Нурмагомедов ја прескокна оградата и почна да се пресметува со тимот на Мекгрегор, но и со дел од публиката. Обезбедувањето  брзо реагираш и по неколку минути ја стави ситуацијата под контрола.

На Нурмагомедов за овој тежок инцидент му се заканува драстична казна и може да остане и без шампионскиот појас. Претседателот на УФЦ, Дена Вајт потврди дека четворица членови од тимот на Нурмагомедов се уапсени, а набрзо ќе биде позната и целата разврска од хаосот во Лас Вегас и судбината на Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...