Епска Македонија, италијанска трагедија – чудото во Палермо е главна вест во светските медиуми

Извонредната победа на македонската репрезентација над европскиот првак Италија од синоќа е главна вест на светските спортски медиуми.

Јасно е дека „аѕурите“ влегоа како суперфаворити во тој дуел, но избраниците на Милевски одиграа максимално дисциплинирано, за историски триумф во Палермо.

„Епска Македонија, италијанска трагедија“, гласеше насловот на шпанскиот весник „Марка“…

„Италијанска бламажа… Европскиот првак остана без пласман на СП“, стои на насловната страница на германски „Билд“.

„Скандалозна Италија… го пропушта вториот светски шампионат во низа“, критични беа и од португалскиот весник „А Бола“…

„Италијански мундијалски кошмар“, е насловот на „Дејли Мејл“…

Се вчитува...