Епска приказна за Џордан – „Ку**иниот син ми рече – „Сега ќе пиеме пиво, а вечер давам повеќе од 40 поени“

Поранешниот хокеар на Чикаго Белкхоукс Џереми Роник откри интересна приказна за најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Имено, тој призна дека пред мечот со Кливленд Кавалирс тој и Мајкл испиле преку десет пива, а потоа Ем-Џеј успеал да постигне 52 поени.

„Го запознав Џордан во голф клуб. Одигравме една партија и успеав да го добијам и да заработам неколку илјади долари. Булс требаше вечерта да играат со Кливленд па мислев дека ќе оди да се одмори. Сепак, земавме пива и пиевме на голф теренот до попладнето. Му реков Мајк зарем не треба да се подготвуваш за мечот вечер? На што ку**иниот син ми возврати… Не грижи си давам повеќе од четириесет поени и ги добиваме со повеќе од 20 разлика. Тоа и се случи Мајк уфрли 52 поени, а ако не се лажам Чикаго славеше со плус 26“, изјави Роник. 

Роник покрај за НХЛ тимот на Чикаго, во кариерата настапуваше и за Филаделфија Флаерс, Феникс Којотс, ЛА Кингс и Сан Хозе Шаркс.

Се вчитува...