Епски камбек на Рубљев за победа против Руне, во четвртфиналето на АО е и Шелтон

Андреј Рубљев се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако во меч од три часа и 40 минути славеше против Данецот Холгер Руне со 3-2 (6-3, 3-6, 6-3, 4-6, 7-6). Рускиот тенисер за противник во следната фаза може да го има Новак Ѓоковиќ доколку српскиот тенисер денеска слави против Де Минуар.

Рубљев кој спаси две меч топки во 12. гем, во супер тај-брејкот губеше со 5-0 и 7-3, за на крајот да слави со 11-9.

По трилер меч место во четвртфиналето осигура и 20-годишниот Американец Бен Шелтон кој со 3-2 (6-7, 6-2, 6-7, 7-6, 6-2) славеше против сонародникот Џеј-Џеј Волф.

Се вчитува...