Епски пресврт на Јунајтед, Роналдо и „компанија“ повторно го спасија Оле од отказ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и „компанија“ успеаја да стигнат до епски пресврт против Аталанта (3-2) и повторно да го спасат Оле Гунар Солскјер од отказ. По очајното прво полувреме и негативата од 0-2 со головите на Пашалиќ и Демирал „црвените-ѓаволи“ успеаја со епски пресврт во вториот дел да стигнат до нови три бода.

Прво Маркус Рашфорд во 53. намали на 1-2, за во 75. Хари Мегваер да донесе израмнување 2-2. Злато вредниот гол Кристијано Роналдо во својот 300. настап за Јунајтед го постигна во 81. минута.

Во вториот меч од Ф групата Вилјареал славеше на гостувањето кај Јанг Бојс со 1-4.

 

 

 

 

Се вчитува...