Милан изврши „самоубиство“ во последното коло од Серија А откако „росонерите“ загубија на домашен терен од Калјари со 1-2, исход со кој овој тим остана без место во ЛШ за наредната сезона.
Милан влезе во оваа последна рунда како третопласиран, играше со ривал за кого натпреварот немаше преголемо резултатско значење, дури и поведе по две минути игра преку Салемакерс. А потоа шок, Калјари израмни во првото полувреме, потоа на стартот од вториот дел поведе со 1-2 и ја задржа минималната предност до самиот крај, за тотално фијаско на Милан и на Масимилијано Алегри, кој речиси сигурно ќе добие отказ по овој неуспех.
Рома славеше со 0-2 на гостувањето против Верона (голови на Мален и на Ел Шарави во второто полувреме) со што „волчицата“ дефинитивно стигна до билет за Лигата на Шампионите.
Комо славеше со 1-4 на гостувањето против Кремонезе, со што тимот на Цеск Фабрегас дефинитивно обезбеди учество во ЛШ, историски успех на шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
