Епско второ полувреме на Звезда во „полупразната арена“

Црвена Звезда успеа со неверојатна игра во второто полувреме да стигне до победа над Олимпијакос со 88-81. Грците беа подобар противник во првото полувреме во кое погодуваа буквално од секоја позиција и на пауза заминаа со предност од плус дванаесет 36-48.

Сепак, Шакота успеа на полувреме да ги смири своите кошаркари, кои во вториот дел влегоа далеку помотивирани од првиот дел. Феноменалната игра во одбраната и одличната реализација го красеше белградскиот тим кој на крајот успеа да стигне и до сигурна победа 88-81 пред за жал полупразната „Штарк“ арена во главниот град на Србија.

Лоренцо Браун беше најдобар поединец со 34 поени, а одличен беше и Били Берон со 17 поени. Кај гостите се истакна Брендон Пол со 21 поен.

Се вчитува...