Ептен му стана навика – Кариус пак се посрамоти (видео)

Лорис Кариус како да сака што поскоро да си замине од Ливерпул откако германскиот голман продолжи со „киксови“ и во подготовките за новата сезона, по очајното издание што го имаше во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Мизерната форма на Германецот продолжи и на денешниот дуел со нисколигашот Транмере, Ливерпул имаше предност од 0-3 по првиот дел, но потоа во второто полувреме Кариус му подари гол на домаќинот испуштајќи ја топката од раце по еден слободен удар.

И досега немаше дилеми, но сега веќе ниту Јирген Клоп нема ниту еден аргумент за сонародникот – Ливерпул мора што поскоро да донесе нов голман ако сака сериозно да атакува на висок пласман.

Се вчитува...