Ердал Ракип повторно се повреди

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ердал Ракип по само 30 минути игра мораше да го напушти теренот на дуелот на неговиот Малме против Јувентус во 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Ракип го напушти теренот поради болка во мускулот на ногата, а по дополнителните прегледи во следните денови ќе се знае точно колкава е повредата на македонскиот интернационалец.

Ракип поради повреда ги пропушти и ноемвриските квалификациски натпревари против Ерменија и Исланд во кои Македонија стигна до триумф и се пласираше во баражот за пласман на СП 2022.

Се вчитува...