Ердал Ракип со повреда го напушти теренот уште пред полувремето

Денеска во најновото коло во Шведска, Малме играше против АЕК Стокхолм, и го совлада со 3-0. За домашниот меѓу стартите се најде и македонскиот интернационалец Ердал Ракип. Репрезентативецот на нашата земја во текот на првиот дел доби удар, по што мораше предвреме го напушти теренот.

Во 42. минута Ракип беше заменет, откако доби удар во главата од еден противнички играч. Иако се обиде да се врати на теренот и да продолжи да игра, сепак, играчот од средниот ред легна на теренот, и тоа значеше дека за него е крај на мечот.

Ракип од лани е дел од националниот тим на Македонија, а досега има два настапи во селекцијата на нашата земја. Дополнителните прегледи ќе ја покажат тежината на повредата, и колку играчот ќе паузира.

Се вчитува...