Македонскиот интернационалец Ердон Даци повторно е херој на својот тим Вестерло откако донесе победа над Ломел во судиското надополнување, во 93. минута. Цел меч Вестерло се мачеше да даде гол, а потоа Даци во финишот пред последниот свиреж погоди за голем триумф, со кој Вестерло само ја зголемува разликата на првото место на табелата, и е пред враќање во белгиската „елита“.
За екс младинскиот репрезентативец ова беше шести гол во втората лига на Белгија, и сега е на второто место на листата на стрелците, и е прв „бомбардер“ за својот тим. Вестерло има 30 бодови, односно 10 повеќе од второпласираниот Беверен. Првопласираниот обезбедува директно учество во Првата лига на Белгија, а тоа е на добар пат да биде тимот на Даци.
Даци е екс младински репрезентативец, а ако продолжи вака, сериозно „тропа“ на вратите и на „А“ националниот тим на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА