Ердон Даци потпиша со Коњаспор до 2023 година (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Ердон Даци го потпиша првиот професионален договор со турскиот суперлигаш Коњаспор.

21-годишниот Даци, откако две години мина во младинскиот состав на турскиот тим, сега и официјално се обврза на соработка со првиот тим во следните четири години, до јуни 2023 година.

„Задоволство е да се биде во клуб како Коњаспор, верувајќи дека во иднина сите свои квалитети ќе ги демонстрирам и во сениорскиот тим“ – вели Даци, кој во турскиот тим пристигна од редовите на Вардар.

Се вчитува...