Ердон Даци повторно стрелец за Вестерло, испуштена победа во финишот над Беверен

Македонскиот интернационалец Ердон Даци, постигна нов гол за Вестерло во дуелот со Васланд Беверен, но само за „реми“.

Даци донесе водство во 74. минута во дербито за врвот на табелата, меѓутоа Едмундсон во финишот, во 89. минута даде гол и успеа да освои бод. Со тоа Вестерло пропушти можност да се зацврсти на првата позиција на табелата во втората белгиска лига.

За Даци ова беше четврти гол во првенството на Белгија, во седмиот одигран натпревар. Инаку ова беше меч од 11. коло во Белгиската втора лига.

Се вчитува...