Ердон Даци се пресели во Беверен

Ердон Даци ја смени средината во Белгија, и од Вестерло до крајот на сезоната ќе настапува за Беверен. Двата клуба се согласија за позјмица која ќе трае до крајот на сезоната.

Иако пред неколку дена имаше шпекулации за враќање во Турција во Самсунспор, сепак, македонскиот репрезентативец останува во Белгија, каде е во 2021 година.

Даци од Вардар замина во Коњаспор, а од таму се пресели во Вестерло. Веднаш по првата сезона му помогна на тимот да се пласира во најсилната белгиска лига, а минатата сезона поради тешка повреда ја пропушти речиси целата сезона. Оваа сезона се врати, и веднаш доби повик и од селекторот Благоја Милевски за македонскиот национален тим.

„Даци ни се приклучува до крајот на сезоната како позајмен. Оваа сезона се покажа како важен играч за Вестерло со три гола во 13 натпревари. Верувам дека ќе биде големо засилување за нашиот тим“, заклучи спортскиот директор на Беверен, Том Ван ден Абиле.

Се вчитува...