Ердон Даци со Вестерло обезбеди пласман во најдобрата лига во Белгија

Вестерло и официјално следната сезона ќе игра во најдобрата лига во Белгија. Иако загубија викендов, сепак, благодарение и на поразот на Моленбек, сега тимот на македонскиот репрезентативец Ердон Даци има седум бодови предност на две кола до крајот на сезоната.

Ердон Даци во моментов е трет стрелец со девет гола, исто колку што имаат уште двајца играчи, а првопласираните двајца бегаат три гола. Новопечениот репрезентативец во последните две кола може да ги стигне.

Даци дојде во Вестерло на почетокот на сезоната од Коњаспор, и веднаш се наметна во белгискиот тим. Тој е стандарден првотимец, а добрите настапи му донесоа и репрезентативен повик за селекцијата на Македонија за бараж дуелите со Италија и со Португалија.

Се вчитува...