Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Ердон Даци продолжува со одличната форма во дресот на белгиски Вестерло сезонава.
Во 9. коло од Втората лига на Белгија, Вестерло славеше со 2-0 против Виртон, а Даци во 66. минута го постигна вториот гол за домашниот тим.
Ова сезонава е трет погодок за Даци во дресот на Вестерло каде пристигна од редовите на Коњаспор. 23-годишниот фудбалер потекнува од фудбалската школа на Вардар.
Вестерло е убедливо на врвот во Втората белгиска лига, веќе издвојувајќи се како најсериозен кандидат за враќање во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА