Ерера: Се чувствуваме како г..на, вечерва нема да спиеме

Андер Ерера доби шанса од првата минута на вечерашното финале, ја оправда довербата со добра игра, но се беше попусто кога ПСЖ не успеа да ја добие битката со Баерн. Останува тагата за промашените шанси и болката што според зборовите на Ерера, нема да мине во блиска иднина.

„Се чувствуваме како г..на. Бевме токму блиску, а не успеавме да стигнеме до победата. Имаме за што да жалиме, направивме пет-шест одлични шанси, Баерн имаше само две-три, но сепак успеа да даде гол и да триумфира. Не ми се зборува, вечерва нема да можеме да заспиеме. Утре ќе можеме почисто да размислуваме за она што се случуваше на теренот“, истакна Ерера.

Се вчитува...