Ергин Атаман хоспитализиран поради пневмонија

Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман се наоѓа во болница во Истанбул каде е хоспитализиран поради пневмонија, потврди актуелниот шампион на Евролигата. Турскиот стратег имал потешкотии уште на почетокот на неделата, а состојбата се влошила по натпреварот против Партизан.

Тој е задржан во болница и колку време ќе остане таму останува неизвесно. Со сигурност го пропушта натпреварот против Бујукчекмеџе во турското првенство, а е неизвесен и за натпреварот против Алба во најсилното европско кошаркарско натпреварување, натпревар кој е од клучно значење за задржување на шансите за пласман меѓу најдобрите осум.

Се вчитува...