Ерик Абидал под истрага и пред распит за нападот врз фудбалерка на ПСЖ

Поранешниот француски репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Барселона, Ерик Абидал е под истрага и ќе биде повикан на распит во полиција.

Тој е осомничен за учество во големиот инцидент кој заврши со физички напад врз фудбалерката на парискиот клуб, Кеира Хамрауи на 4 ноември, објави веснико „Ле Монд“.

Хамрауи беше нападната, а наводно зад нападот стои нејзината соиграчка Амината Диало, која беше притворена поради нападот, но сега полицијата целиот случај го проширила и не истражува само риластво меѓу двете фудбалерки, туку нешто многу покрупно. Наводно во тоа сценарио што се истражува инволвиран е Абидал, како можна одмазда за нивниот поранешен однос.

Полицијата дошла до доказ дека телефонот на нападнатата Хамрауи бил регистриран на име на Абидал, што е еден доказ дека имале некаква врска, а за медиумите јавниот обвинител во Париз посочил дека екс-репрезентативецот ќе биде повикан на распит наскоро, а не се исклучува ни повикот за распит во полиција на сопругата на Абидал, Хајет.

Според сведоштва на други фудбалерки од ПСЖ, нападнатата Кеира ден после нападот му се јавила на Абидал, а таа беше дел од Барселона во периодот од 2018 година до годинава и се поклопува со периодот кога Абидал беше директор на Барса – од 2018 до 2020 година.

Нападот се случил кога Диало и Хамрауи се враќале кон дома од тимската вечера, кога маскирани напаѓачи ги запреле, па со метална „шипка“ ја удирале Кеира по рацете и нозете.

Се вчитува...