Кристијан Ериксен ќе ја продолжи рехабилитацијата во неговата родна Данска откако минатиот месец се онесвести на теренот по втор пат. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Тотенхем се држеше за градите и се сруши за време на пријателскиот натпревар на Данска против Украина на 7 јуни, речиси пет години откако доживеа срцев удар на Евро 2020. Неговиот имплантиран кардиовертер-дефибрилатор (ICD) беше активиран и му даде шок за да го врати срцевиот ритам.
Ден по инцидентот, Ериксен изјави од болницата дека се чувствува добро и дека ситуацијата е поинаква од 2021 година, но иднината на неговата играчка кариера останува неизвесна. Во четврток, неговиот клуб Волфсбург, со кого има договор до следното лето, објави нови информации откако Ериксен не се приклучи на тимот на почетокот од предсезонските подготовки.
„Кристијан Ериксен наскоро ќе започне индивидуална програма за рехабилитација“, се вели во соопштението на германскиот второлигаш. „По разговорите со извршниот директор Дитер Хекинг, беше одлучено дека 34-годишникот ќе го направи тоа во неговата родна земја Данска.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
