Ериксен пред потпис со Интер

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен кариерата ќе ја продолжи во Интер и ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ во зимскиот преоден рок. Играчот за врска на Тотенхем ги договорил условите со раководството на „нероаѕурите“ и годишно ќе заработува 7,5 милиони евра. Останува Интер и Тотенхем да постигнат договор за отштетата која ќе ја добие англискиот премиерлигаш за фудбалерот чиј договор истакува на крајот од сезоната.

Интер понуди 10 милиони евра, но Тотенхем бара 20 милиони за да го ослободи шест месеци порано од предвиденото.

За Ериксен беа заинтересирани и Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...