Ериксен пред трансфер во Франција

Кристијан Ериксен може да ја продолжи кариерата во францускиот прволигаш Монако, пренесува шпанска Марка. Данецот во моментот се наоѓа во Швајцарија каде се привикнува на животот со дефибрилатор кој му е вграден по срцевиот удар на Европското првенство 2021, но очекувањата се дека наскоро повторно ќе се врати на зелениот терен.

Поради истиот Ериксен мораше да замине од редовите на Интер со оглед на тоа што Италија не дозволува професионално и аматерско натпреварување на спортисти со озбилни срцеви проблеми, а оваа пракса не се применува во Франција.

Монако во моментот се наоѓа на шестото место на табелата во Лига 1 со 29 освоени бода, а во Данецот гледа сериозно засилување во понатамошната битка за излез во интернационалните натпреварувања следната сезона.

Се вчитува...