Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Свен Горан Ериксон (69), повеќе не е тренер на Шенжен откако доби отказ во овој кинески второлигаш. Ериксон беше во клубот само шест месеци, но не успеа да направи некој поголем успех и веднаш беше сменет.
На негово место на клупата на Шенжен се враќа Ванг Баошан. Она што е поинтересно од смената е начинот на кој Кинезите го најавија доаѓањето на новиот тренер.
Во Шенжен напишаа песна за трнерот Ванг во неколку стихови во која го воспеваат како легенда на клубот бидејќи претходно тој го спасил клубот од испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА