По подолг период сезонава Арсенал веќе не е на врвот на табелата во Премиерлигата, откако Манчестер сити вечерва славеше на гостувањето кај Барнли со минимални 0-1 во натпревар од 34. коло.
Клучниот меч во дуелот се случи уште во 5. минута кога Ерлинг Халанд го постигна погодокот вреден победа (0-1). Сити и Арсенал во моментов имаат ист број на бодови и иста гол разлика, но „граѓаните“ се први поради повеќе дадени голови.
Од друга страна со овој пораз Барнли и математички ги загуби сите шанси за опстанок во елитата.
Burnley 0 – [1] Manchester City – Erling Haaland 5'
byu/gbogaz insoccer
Во вториот меч од вечерашната понуда во Премиерлигата Бормут и Лидс ремизираа 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
